Филип и Ена Талески организираа заеднички роденден за двете ќеркички.
Македонскиот ракометар и неговата сакана сопруга славеа што нивната ќеркичка Марија наполни една година, а Софиа во јануари ќе наполни пет години.
Малата Марија беше облечена во бело фустанче, додека Софиа изгледаше преслатко во фустан како принцеза.
„Среќен роденден на нашите девојчиња. Им благодариме на сите наши пријатели што ги направија специјални нивните родендени“ – напиша Ена на роденденската објава.
Филип и Ена стапија во брак во 2019 година. Тие сега живеат во Португалија, бидејќи Филип пред неколку месеци стана дел од тимот на Бенфика.