Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Принцеза е! Војвотката Кетрин и принцот Вилијам добија ќерка

Принцеза е! Војвотката Кетрин и принцот Вилијам добија ќерка

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го добија своето второ дете. 33-годишната избраничка на Вилијам роди девојче тешко 3,8 килограми.

Сестричката на малиот Џорџ се роди во 8.34 часот по локално време, а од Кенсингтонската палата ја потврдија веста преку Twitter само неколку часа по раѓањето на принцезата. „Нејзиното Кралско Височество Војвотката од Кембриџ се породи безбедно и роди ќерка во 8.34 часот“ – пишува во објавата.

Од палатата потврдија дека и мајката и бебето се во добра состојба.

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам Војвотката Кетрин бремена Војвотката Кетрин бремена

Кетрин се породи во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде го донесе на свет и своето прво дете Џорџ во 2013 година. Принцезата Дијана во 1982 година го роди Вилијам во истата болница.

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам Војвотката Кетрин и принцот Вилијам

Кетрин и Вилијам стапија во брак на 29 април 2011 г.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23490 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.