Аријана Гранде и Далтон Гомез се венчаа на средината на месецов, но сега им дозволија на фановите да протнат поглед во нивниот специјален ден.
Парот се заколна на вечна љубов на 15 мај, а тајната церемонија се одржа во домот на Гранде во Монтесито. На интимната свеченост присуствуваа само 20 нивни блиски.
Шармантната пејачка носеше бел фустан од Вера Ванг. Нејзиниот невестински изглед беше комплетиран со превез и елегантна сатенска панделка.
Младоженецот носеше одело од Том Форд.
27-годишната пејачка и 25-годишниот агент за недвижности се во врска од почетокот на минатата година, а се верија изминатиот декември.