Аријана Гранде и Далтон Гомез се заколнаа на вечна љубов. 27-годишната пејачка и 25-годишниот агент за недвижности си го кажале судбоносното ДА за време на викендот.
Интимната церемонија се одржала во домот на Гранде во Монтесито.
Веста за венчавката ја потврди и нејзин претставник за јавноста. „Тие се венчаа. Беше мала и интимна венчавка со помалку од 20 луѓе. Парот и нивните две семејства се пресреќни“ – изјавил тој.
Аријана и Далтон се во врска од почетокот на минатата година, а се верија изминатиот декември.