На 22 мај светот го потресе веста за терористичкиот напад во Манчестер арената во Манчестер, непосредно по завршувањето на концертот на Аријана Гранде.
Имено, бомбаш-самоубиец детонирал експлозивна направа во фоајето, поради што животот го загубија 22 лица, меѓу кои и деца, а 119 лица беа повредени.
Вчера, Аријана повторно се врати на сцената во Манчестер и одржа хуманитарен концерт заедно со бројни музички ѕвезди, меѓу кои и Роби Вилијамс, Coldplay, Фарел Вилијамс, Кети Пери, Мајли Сајрус, Џастин Бибер и Black Eyed Peas.
Погледнете ги нивните емотивни настапи:
Аријана Гранде – „Somewhere Over the Rainbow“
Роби Вилијамс – „Angels“
Аријана Гранде со детски хор – „My Everything“
Аријана Гранде и Black Eyed Peas – „Where is the Love?“
Coldplay – „Fix You“
Аријана Гранде – „One Last Time“
Џастин Бибер – „Cold Water“
Кети Пери – „Part of Me“
Аријана Гранде и Мајли Сајрус – „Don’t Dream It’s Over“
Кети Пери – „Roar“
Фарел Вилијамс и Мајли Сајрус – „Happy“
По нападот, 23-годишната пејачка ги одложи останатите концерти од својата европска турнеја и на Twitter напиша: „Скршена сум. Од дното на моето срце, многу, многу ми е жал. Немам зборови“.
На концертот „One Love Manchester“ беа собрани над 2 милиони долари, кои ќе бидат донирани за жртвите во нападот.
Во склоп на својот аутфит, Кети Пери на себе носеше фотографии од сите 22 лица кои ги загубија своите животи во големата трагедија.
Погледнете и видео од целосниот концерт: