Аријана Гранде и Далтон Гомез планираат да запливаат во брачните води.
27-годишната пејачка сподели дека му кажа „ДА“ на Далтон и објави фотографии од свршеничкиот прстен на кој блескаат дијамант и бисер.
Гранде и Гомез се во врска од јануари годинава и заедно го поминаа карантинскиот период.
„Не е можно да бидат посреќни, тие се многу возбудени. Ова е радосно време за нив и нивните родители се пресреќни“ – изјавил близок на парот за People.
Талентираната пејачка претходно беше во врска со Пит Дејвидсон. Тие се верија по неколку недели врска во јуни 2018 година, но истата година се разделија.