Џастин Бибер и Аријана Гранде го објавија спотот за новата песна „Stuck with U“, во која се појавуваат нивни фанови, но и „куп“ славни личности.
Видеото е спој од снимки од бројни обожаватели на славните музичари. Некои од нив наскоро требаше да слават матура, а други се „заглавени“ дома со најблиските поради коронавирусот. Славни парови како Ештон Кучер и Мила Кунис, Луисана Лопилато и Мајкл Бубле, Џастин и Хејли Бибер, Деми Ловато и Макс Ерик, Гвинет Палтроу и Бред Фелчак, исто така се појавуваат во спотот.
„Сакам да видам како сите се забавувате за време на карантинот. Ова е матурска песна за сите кои во моментов не можат да одат на матура“ – напиша Бибер.
„Stuck with U“ е снимена од двајцата музичари во изолација за „First Responders Children’s Foundation“.
На крајот од спотот, Аријана преку кратка снимка ја потврди својата романса со Далтон Гомез.