Приказната „Убавицата и ѕверот“ наскоро ќе биде прикажана на големото филмско платно. Ема Вотсон ја имаше честа да стане Дизни принцеза и ја доби улогата на Бела во филмот кој ќе започне да се прикажува во март следната година.
Првото видео ни дозволува да ѕирнеме во проколнатиот замок на ѕверот. На крајот, прикажана е сцената кога Вотсон се обидува да посегне по ружата која маѓепсаниот принц ја чува под стаклено ѕвоно.
Погледнете го видеото:
Покрај Вотсон, свои улоги во филмот добија Лук Еванс, Еван МекГрегор, Ден Стивенс и Ијан МекКелен.