Дизни и официјално ги објави имињата на актерите кои ќе ѝ се придружат на Ема Вотсон во филмската верзија на приказната „Убавицата и Ѕверот“.
Ден Стивенс, познат по серијата „Downton Abbey“ ќе влезе во улогата на Ѕверот.
Арогантниот Гастон ќе биде оживеан на филмското платно од Лук Еванс.
Филмот ќе биде режиран од Бил Кондон, а ќе започне да се снима годинава.