Најновиот трејлер за филмската верзија на „Убавицата и ѕверот“ открива многу сцени и детали кои ќе ве „зграпчат“ и инстантно ќе ве одведат во светот на бајките.
Во позадина во видеото се слуша познатата песна „Beauty and the Beast“, но овој пат изведена од Џон Леџенд и Аријана Гранде.
Режиран од Бил Кондон, „Убавицата и ѕверот“ ќе ги привлекува обожавателите на Дизни во киносалите од 17 март.
Ема Вотсон ќе ја глуми незаборавната Бела, Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, а Лук Еванс ќе стане арогантниот Гастон.