Џон Леџенд и Аријана Гранде го препеаја големиот хит „Beauty and the Beast“ од истоимената дизниева бајка. Многумина се едногласни дека талентираните музичари се идеални за овој дует, кој со секое слушање инстантно нè враќа во детството.
Дизни го објави магичниот спот за песната, во кој во позадина танцуваат Бела и Ѕверот, а фустанот на Аријана изгледа како маѓепсана ружа која „оживува“.
Песната за првпат беше изведена од актерката Анџела Ленсбери.