Кели уште еднаш се најде помеѓу Брендон и Дилан. Познатите актери од популарната тинејџерска драмска серија „Беверли Хилс, 90210“ повторно се заедно на фотографија која ја објави Џени Гарт (Кели).
„Јас и некои момци кои можеби ќе ги препознаете“ – напиша таа пред да ја објави фотографијата.
42-годишниот Џејсон Присли (Брендон), 40-годишната Џени Гарт (Кели) и 45-годишниот Лук Пери (Дилан), кои беа дел од некогаш најпопуларниот љубовен триаголник, се сретнале за снимањето на реклама на американскиот бренд „Old Navy“.
Сигурно објавената фотографија ќе ги потсети обожавателите на „Беверли Хилс“ на авантурите на главните ликови во серијата, кои држеа милиони луѓе пред екраните во периодот од 1990 до 2000 година.
Кратко потсетување на љубовната драма меѓу ликовите: