Крис Прат и Кетрин Шварценегер стапија во брак. 39-годишниот актер од „Guardians of the Galaxy“ и 29-годишната ќерка на Арнолд Шварценегер се заколнаа на вечна љубов на интимна церемонија во Санта Барбара.
Шармантната писателка изгледаше прекрасно во нежна венчаница од Армани. И Прат носеше костум од истиот италијански бренд.
„Вчера беше најубавиот ден во нашите животи! Станавме сопруг и сопруга пред Бог, нашите семејства и сите оние кои ги сакаме. Беше интимно и емотивно. Благословени сме што го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи“ – напиша Кетрин во описот на свадбената фотографија која и двајцата ја објавија на Instagram.








На свадбената прослава присуствувале околу 60 гости.




Крис и Кетрин се верија во јануари оваа година.

Крис претходно беше осум години во брак со актерката Ана Фарис, со која има 6-годишен син.