Крис Прат ѝ предложи брак на Кетрин Шварценегер. 29-годишната ќерка на Арнолд Шварценегер со голема радост го прифати предлогот за брак на 39-годишниот актер.
Веста за свршувачката ја објави Крис, заедно со фотографија од романтичниот момент. „Слатка Кетрин, мнгоу сум среќен што рече ДА! Возбуден сум што ќе се оженам со тебе“ – напиша Прат во описот.
Од раката на идната невеста, блеска дијамантскиот веренички прстен.

Крис претходно беше осум години во брак со актерката Ана Фарис. Крис и Ана, кои се разделија во 2017 година, заедно имаат едно дете.
Ова ќе биде прв брак за Кетрин, која е блогерка и амбициозна писателка.


