Денес беше објавен првиот трејлер за авантурата во вселената на Џенифер Лоренс и Крис Прат.
Во видеото, кое го најавува филмот „Passengers“, славните актери се на вселенски брод кој патува кон далечна планета и носи 5.259 патници во хибернација. Поради одредена причина, Крис и Џенифер се будат прерано, во момент кога преостанува уште околу 90 години пат до зацртаната дестинација.
Филмот ќе започне да се прикажува во кино-салите на 21 декември.
