Ана Фарис и Крис Прат се разведуваат. Холивудскиот пар објави дека се разделува по осум години брачен живот.

Веста ја соопштија актерите преку заедничко соопштение на Facebook: „Ана и јас со тага соопштуваме дека законски се разделуваме. Се трудевме долго време и навистина сме разочарани. Нашиот син има два родители кои го сакаат многу и за негово добро, сакаме да ја одржиме оваа ситуација колку што е можно поприватна. Ние сè уште имаме љубов еден за друг, секогаш ќе го цениме времето поминато заедно и ќе продолжиме длабоко да се почитуваме еден со друг“ – стои во соопштението објавено на Facebook профилот на Прат.

38-годишниот актер и 40-годишната ѕвезда од филмовите „Scary Movie“ се запознаа на снимањето на „Take Me Home Tonight“, а стапија во брак на 9 јули 2009 година. Нивното синче Џек се роди во 2012 година.


