Принцот Вилијам и неговата сопруга војвотката Кетрин го крстија својот син, принцот Џорџ.
Околу 20 гости присуствуваа во капелата во палатата Сент Џејмс во Лондон. Меѓу нив беа и кралицата Елизабета и принцот Филип, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, принцот Хари, како и членовите на потесното семејство Мидлтон.
Малото бебе беше облечено во рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен кој бил носен од секое бебе родено во кралското семејство од 1841 година досега.
Принцот Џорџ бил благословен со вода од реката Јордан, а има 7 кумови, сите блиски пријатели и роднини на Кетрин и Вилијам.
Официјалните фотографии од принцот Џорџ по крштевката ќе бидат направени од реномираниот фотограф Џејсон Бел.