Џастин Тимберлејк го претстави пред светот својот новороден син. Популарниот пејач сподели фотографија на која Џесика Бил го држи во рацете малиот Сајлас Рендал.
33-годишната актерка се породи пред нешто повеќе од една недела.

Тимберлејк потврди дека Бил е бремена на неговиот роденден во јануари, кога објави фотографија на која го бакнува нејзиниот труднички стомак.
Џастин и Џесика се во брак од октомври 2012 година.
