Веќе подолго време се шпекулираше за постоењето на проблеми во врската на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил и се зборуваше дека нивните заеднички појавувања пред јавноста се само фарса. Сега нивната разделба е официјална.
Претставник на славниот пар потврди дека Џесика и Џастин решиле да се разделат.
Британскиот DailyMail ексклузивно објави дека причина за разделбата било однесувањето на Џастин на неговата неодамнешна роденденска забава.

Џесика му организирала забава на Џастин за неговиот 30-ти роденден. Додека таа кажувала здравица, раскажала дека на почетокот на врската го бркала Џастин, раскажала колку е заљубена во него и колку ѝ значи. На крајот од нејзиниот говор, Џастин станал и извикал: „Yeah bitches!“.
„Беше многу непријатна ситуација. Реакцијата на Џастин беше неучтива. Тој само ја исмеа“ – изјавил сведок за DailyMail.
Но, според странските медиуми, ова не е единствениот проблем во нивната врска. Минатата година тие краток период беа разделени, а нешто подоцна се појавија гласини дека Џастин ја изневерува Џесика со Оливија Мун.
Која е вистината не се знае. Единствено што се знае е дека Џастин и Џесика се повторно сингл.