Џастин Тимберлејк и Џесика Бил станаа родители. 33-годишната актерка родила момче кое го добило името Сајлас Рендал.
Американските медиуми известија дека бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
Популарниот пејач потврди дека неговата сопруга е бремена на неговиот роденден во јануари, кога објави фотографија на која го бакнува нејзиниот труднички стомак.
Џастин и Џесика стапија во брак во октомври 2012 година во Италија.