Лејди Гага никогаш не била срамежлива кога станува збор за разголувањето. Па, по неколкумесечната пауза, 27-годишната пејачка повторно позираше разголена.
На првата фотографија од провокативната фотосесија за списанието „V“, Лејди Гага позира гола, покривајќи ги интимните делови од телото со своите раце.
Фотографијата е дело на фотографското дуо Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, кои ја објавија на Instagram и Tumblr.
Пред една седмица Лејди Гага соопшти дека нејзиниот нов албум „ARTPOP“ ќе излезе на 11 ноември, а првиот сингл нејзините мали чудовишта ќе можат да го слушнат на 19 август.
Деновиве на интернет се појави и кратко видео во кое Гага е бринета која лиже „прсти на чудовиште“.