Откако минатата година беше најавено дека Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во новиот филм „Spencer“, многумина се прашуваа дали е тоа вистинскиот избор.
Денес, беше објавена првата фотографија од трансформацијата на 30-годишната актерка во „принцезата на срцата“, а сличноста во изгледот ќе ве изненади.
Облечена во црвено палто и црна шапка, Кристен одлично го доловува мистериозниот и тажен поглед на починатата британска принцеза.
Новата драма за кралското семејство ќе го опфати „критичниот викенд“ во раните
Филмот ќе се фокусира на кревката и турбулентна врска на Дијана и Чарлс и нејзината огромна љубов кон синовите, принцот Вилијам и принцот Хари.