Бредли Купер ќе го портретира Леонард Бернштајн во новиот биографски филм „Maestro“.
48-годишниот актер си го трансформираше изгледот за улогата на легендарниот музички композитор и диригент.
Главната женска улога во филмот ѝ припадна на Кери Малиган, која ја глуми сопругата на Бернштајн – Фелиција Монтеалегре.
Филмот ја доловува комплексната љубов на Леонард и Фелисија, од времето кога се запознале во 1946 година на забава, продолжувајќи со две свршувачки, 25-годишен брак и три деца.
Бредли ја презеде и улогата на режисер, продуцент и ко-сценарист.