Во улога на глобален амбасадор на „Invictus Games“, Дејвид Бекам со дел од своето семејство отпатува во Австралија за да присуствува на овој спортски настан.
Посветениот татко беше фотографиран во добро расположение со двајца од своите синови на Олимпискиот парк во Сиднеј каде со одржуваат игрите за ранети и хендикепирани лица и ветерани.
43-годишниот поранешен фудбалер уживаше додека го следеше спортскиот настан од трибините со 16-годишниот Ромео и 13-годишниот Круз.
Во Сиднеј, Дејвид, Викторија, Ромео, Круз и Харпер престојуваат на имот од 17 милиони долари. Само Бруклин недостига за семејството да е комплетно.
„Invictus Games“ е меѓународен спортски настан создаден од принцот Хари.