Дејвид Бекам максимално го користи летото.
Откако беше на одмор во Италија со целото свое семејство, 45-годишниот поранешен фудбалер отпатува во Грција со синовите Бруклин, Ромео и Круз. Дејвид носеше костим за капење од Версаче додека уживаше и се забавуваше со своите деца.
Викторија сподели фотографија од четворицата најважни мажи во нејзиниот живот.
Пред неколку дена, странските медиуми започнаа на големо да шпекулираат дека Бруклин Бекам и Никола Пелц тајно стапиле во брак откако таа сподели фотографија на која се гледа дека Бруклин носи бурма на левата рака.