Викторија и Дејвид Бекам им приредија специјален ден на нивните најмали деца Харпер и Круз по повод нивното крштевање.
8-годишната Харпер и 14-годишниот Круз присуствуваа на христијанска црковна церемонија заедно со нивните кумови – Ева Лонгорија, Марк Антони, Ден Гарднер и Кен Пејвс.
По официјалната церемонија, следуваше забава на која Дејвид и Викторија танцуваа заедно.
45-годишната дизајнерка и 44-годишниот поранешен фудбалер се во брак 20 години и имаат четири деца.