Бруклин, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, кој има амбиции да стане фотограф, направи фото-проект за „Вог“ Кина и сподели семејни фотографии со браќата Ромео и Круз и сестричката Харпер.
Следејќи ги стапките на мајка си, Бруклин и Ромео снимија свои фотосесии за јунското на познатото списание.
И Викторија се вклучи во споделувањето семејни фотографии и на својот профил на Instagram објави слика од Дејвид со малата Харпер.