Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид и Ромео Бекам се дружеа со деца со Даунов синдром и го наградија нивниот фудбалски тренер

Дејвид и Ромео Бекам се дружеа со деца со Даунов синдром и го наградија нивниот фудбалски тренер

Дејвид и Ромео Бекам изненадија тренер кој работи со деца со Даунов синдром.

48-годишниот фудбалер и неговиот 21-годишен син го посетија Ален Кокрам и лично му доделија награда за неговата неверојатна работа. Тие се дружеа со децата од фудбалскиот клуб „Brentford Penguins“ и имаа можност да поразговараат со нив.

Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам

Децата, кои се на возраст од 5 до 19 години, беа пресреќни што се дружеа со фудбалската легенда.

„Инспиративно е да се види што прави Ален, што одделува време за да ги тренира овие деца кога вообичаено тие би се соочиле со многу бариери. Љубовта која децата ја имаат кон него е неверојатна. Овие деца се неверојатни. Во еден момент ќе се расплачев“ – рече Бекам за дружбата со Ален.

Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам

Посветениот тренер има 32 деца кои ги тренира секоја недела без разлика на временските услови.

„Сите тие нешта кои им се случија на овие деца... тие само стануваат подобри и подобри на училиште повеќе зборуваат и едноставно не можеш да разбереш што значат тие моменти навистина. Безусловната љубов, безусловната искреност, но и нивната непослушност се нештата кои ги обожавам. Чувствувам дека тие се недопрени човечки суштества и дека никој не им дал вистинска шанса да се изразат себеси. Тие се прекрасни. Благословен сум секој ден со овие деца“ – рекол Ален.

Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам Дејвид и Ромео Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19723 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.