Фондацијата на Бред Пит и Анџелина Џоли донираше 1 милион долари за помагање на итните медицински операции во Хаити по катастрофалниот земјотрес.
„Премногу е страшно катастрофа од овие размери да погоди луѓе кои што со децении страдаат од сиромаштија, насилство и немири“ – изјавила Анџелина Џоли во врска со разорниот земјотрес.
„Ние разбираме дека првите мерки се критични за да се излезе во пресрет на итните потреби на многу луѓе кои се оневозможени да бидат во своите домови, страдаат од траума и на кои им е потребна итна медицинска помош“ – додал Пит.
Фондацијата Џоли-Пит ги донира средствата на хуманитарната организација „Доктори без граници“, чии три болници во Порт-о-Пренс беа тешко погодени и поради тоа персоналот е принуден да работи под ведро небо.
Навистина првата помош за настраданите е најпотребна. Интерамериканската банка за развој одобри 200 илјади долари како помош за Хаити, а за настраданите пристигнува помош и од светската хуманитарна мрежа на Римо-католичката црква, од Франција и од Америка.
Единствено што можеме ние да направиме е да се надеваме дека бројот на настраданите ќе биде што помал и дека земјотресите нема да продолжат.