Роберт Патинсон, познат по својата улога на вампирот Едвард Кулен, полудел кога луда обожавателка скокнала од застаната кола и го бакнала.
Атрактивниот актер избувнал кога тинејџерката која го бакнала му рекла: „Мајка ми не сакаше да ја запре колата и да ме пушти затоа што во моментов се опоравувам од свински грип... па скокнав од колата на црвен семафор само да те видам“.
Според National Enquirer, во тој момент Патинсон ја турнал обожавателката, и тргајќи се од неа ѝ рекол: „Имаш свински грип? Што правиш по ѓаволите бакнувајќи ги луѓето?“
Патинсон во паника ги предупредил своите телохранители да ги чуваат лудите подалеку од него.
Пред неколку недели, за време на промоцијата на „Млада месечина“, Патинсон изјави дека се плаши за својот живот, поради опседнатоста на неговите обожавателки со ликот на вампирот Едвард.