Непосредно пред божиќните празници, Парис Хилтон и Картер Реум го одведоа синчето Финикс во Дизниленд.
42-годишната бизнисменка сподели магични фотографии направени на најсреќното место на Земјата.
„Носењето на бебето Финикс во Дизниленд за неговата прва авантура во животот беше како остварување на сон. Апсолутно магично и ни го згреа срцето. Додека ја гледавме неговата возбуда и восхит на секоја нова глетка и звук, ни стана јас зошто ова место е познато како најсреќно на Земјата. Овие скапоцени моменти на чиста радост ќе останат засекогаш во моето срце“ – напиша таа.
Заедно со нив беа и сестрата на Парис, Ники, со нејзините ќерки.
Парис и Картер го добија синчето Финикс во јануари оваа година со помош на сурогат-мајка. Тие подолг период се обидувале да добијат бебенце, а имале неуспешни обиди и за ин витро.
Парот ги изненади фановите кога минатиот месец откри дека доби второ дете, кое е женско.