Парис Хилтон стана мајка. 41-годишната риалити ѕвезда го доби првото дете со помош на сурогат-мајка.
Парис ја сподели среќната вест на Instagram, каде објави фотографија на која го држи рачето на бебенцето.
„Отсекогаш ми беше сон да станам мајка и среќна сум што со Картер се најдовме еден со друг. Возбудени сме што заедно го основаме нашето семејство и срцата ни експлодираат од љубов за нашето момче“ - изјавила Парис за People.
Хилтон стапи во брак со Картер Реум во 2021 година.
Парис и Картер веќе извесен период се обидувале да добијат бебенце, а имале неуспешни обиди и за ин витро.