Парис Хилтон не остана рамнодушна на злобните коментари за главата на нејзиното дете.
42-годишната бизнисменка, која пред 9 месеци го доби синчето Феникс со помош на сурогат-мајка, им возврати на сите оние кои што коментираа за големината на неговата глава. Додека едни го исмејуваа малото момче поради изгледот, други ѝ пишуваа коментари дека треба да го однесе на лекар за испитувања и дека можеби има енцефалит.



Во коментарите на TikTok видео за нејзиниот син, Хилтон напиша:
„Има болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е совршено здрав. И да, се разбира дека бевме на доктор, тој само има голем мозок“.

@stephwithdadeets Dude if you’re bullying babies you should be getting your head checked. #parishilton #paris #phoenixhiltonreum #greenscreen #parishiltonbabynews #popculture #phoenixbarronhiltonreum ♬ original sound - Stephanie Tleiji
Подоцна, на Instagram таа сподели пост за синот.
„Кога живееш под рефлекторите, коментарите се неизбежни, но неприфатливо е да се таргетира мојот син или кој било друг за ова нешто. Срцето ме боли повеќе отколку што можам да ви опишам со зборови. Напорно работев за да создадам средина во која има само љубов, почит и прифаќање, па го очекувам истото за возврат. Ако не споделувам фотографии од детето, луѓето мислат дека не сум добра мајка, а ако објавувам, има луѓе кои се сурови и полни со омраза. Јас сум горда мајка која работи, а моето бебе е совршено здраво, неодоливо и ангелско.“
„Сонував за да бидам мајка откако се сеќавам за себе. Феникс е мојот свет и е најголемиот благослов во мојот живот. Секој ден тој ми е потсетник што е навистина важно. Тешко е да разберам дека има луѓе на овој свет кои таргетираат таква невиност. Се надевам дека луѓето можат да се однесуваат едни кон други со повеќе љубезност и емпатија“ – напиша таа.

Парис во петокот ги сподели фотографиите од првото заедничко патување со синчето и набрзо почнаа да се редат коментарите.



Парис е во брак со Картер Реум од ноември 2021 година. Феникс е нивното единствено дете.
Парот претходно се обидувал да добие бебе без помош од сурогат, а имал и неуспешни обиди за ин витро.


