Младото кралско семејство изгледа пресреќно на официјалните фотографии објавени од Кенсингтонската палата, а направени по крштевката на малиот принц Џорџ.
Војвотката Кетрин блеска во бежова креација од Алесандар МекКвин до сопругот Вилијам, додека во нејзините раце е принцот Џорџ во свечен фустан, изработен специјално за значајниот ден.
На втората од фотографиите, 87-годишната кралица Елизабета е фотографирана со наследниците на престолот – 64-годишниот син Чарлс, 31-годишниот внук Вилијам и 3-месечниот правнук Џорџ.
На третата фотографија, Кетрин, Вилијам и Џорџ позираат само со кралското семејство (кралицата Елизабета и принцот Филип, принцот Чарлс со сопругата Камила и принцот Хари), додека на четвртата фотографија е и семејството Мидлтон.
Фотографот Џејсон Бел беше задолжен за официјалните портрети.