Принцот Џорџ утре ќе го прослави својот прв роденден. Со цел да се одбележи големиот ден во животот на малиот принц, беше објавена официјална фотографија на која Џорџ самостојно оди.
Фотографијата била направена на 2 јули на изложбата „Sensational Butterflies“ во Природонаучниот музеј во Лондон.
„Тој беше многу брз. Изгледаше навистина стабилно на нозе“ – изјавил фотографот Џон Стилвел.
Гордиот Вилијам неодамна сподели дека Џорџ брзо напредува и дека наскоро ќе трча побрзо и од него.
Главната роденденска забава на Џорџ ќе се одржи утре во Кенсингтонската палата.