По раѓањето на ќерката на Ким Кардашијан и Кание Вест, странските медиуми започнаа игра на погодување на името на бебето. Наводно играта е завршена, па името на малото девојче стана топ вест во многу медиуми и привлечна тема за шегување на Twitter.
Според порталот TMZ, кој дојде до изводот на родени на ќерката на Ким, името на девојчето е Норт Вест (North West или во превод Север Запад). UsWeekly објави и девојчето веќе има и скратено име – Нори.

Во март 32-годишната телевизиска ѕвезда ги отфрли гласините дека Кание сакал да ја крсти својата ќерка Норт.