Настапите во живо на Пинк секогаш ја одушевуваат публиката. 38-годишната пејачка и овојпат не ги разочара присутните на Американските музички награди и им подари импресивно шоу.
Музичката ѕвезда ѝ пркосеше на гравитацијата додека танцуваше и пееше висејќи од висококатница. Таа ја изведе својата нова песна „Beautiful Trauma“.
ВИДЕО
На манифестацијата, Пинк беше придружувана од сопругот Кери Харт. На црвениот тепих, таа зачекори во волуменозна креација од Моник Лулие.