“
Не се чувствувам стара. Возбудена сум што ќе наполнам 40 години.
Светот го слушна името Кејт Винслет благодарение на филмскиот хит „Титаник“. Оттогаш убавата холивудска ѕвезда има снимено редица успешни филмови и со својот талент привлекува само позитивни критики.
Винслет денес влегува во петтата деценија од својот живот со огромна самодоверба и ентузијазам. „Чудно ми е некој да мисли дека жените не стануваат поубави како што стареат. Самодовербата доаѓа со возраста, а надворешната убавина доаѓа од самодовербата“ – вели таа.
Популарната актерка, која се закити со Оскар за улогата во „The Reader“, во секое интервју ги охрабрува жените да се гордеат со себе, да ги сакаат сите свои несовршености и да не се изгладнуваат. „Сакам да си го зачувам здравјето и разумот, да бидам сита и среќна. Моето тело никогаш нема да биде како порано и не ни го очекувам тоа по раѓањето на три деца“ – изјави таа по раѓањето на синот Беар.
По повод роденденот на Кејт, потсетете се на 40 од нејзините највпечатливи стилски моменти.









