Викторија и Дејвид Бекам честопати се мета на шпекулации дека имаат проблеми во бракот и дека се пред развод. Но, славниот пар воопшто не покажува сигнали за разделба.
44-годишната дизајнерка и 43-годишниот поранешен фудбалер беа фотографирани додека рака за рака се упатуваа на свечена вечера во ресторан во Лондон. На настанот, организиран од GQ по повод затворањето на модната недела за мажи, Викторија носеше парчиња од сопствената колекција за сезоната есен/зима 2019 година.













И двајцата споделија фотографии од настанот на Instagram.


Дејвид и Викторија стапија во брак во 1999 година и заедно имаат 4 деца.