Претставничката на Гибралтар, Кајане Алдорино, беше избрана за Мис на светот 2009 на гламурозна церемонија, која се одржа вчера вечерта во Јоханесбург, Јужна Африка.
Таа ја освои круната во борбата со 111 убавици од цел свет. Титулата на прва придружничка ѝ припадна на претставничката на Мексико, Перла Белтран, а втора придружничка стана убавицата Татум Кешвар од Јужна Африка.