Бразилскиот натпревар за убавина Мис Амазон 2015 имаше незгоден крај. Додека организаторите ја крунисуваа победничката, првата придружничка ѝ ја грабна тијарата од главата и ја фрли на сцената.
Скандалот се случил откако судиите ги соопштиле резултатите од изборот и Каролина Толедо била прогласена за победничка. Одбивајќи да го прифати поразот, првата придружничка Шеслејн Хајала решила на скандалозен начин да покаже пред присутните дека првопласираната не ја заслужува круната и дека изборот е наместен. „Таа не ја заслужува титулата“ – изјавила Шеслејн.
Откако бунтовната учесничка ја напуштила сцената, организаторите ѝ ја вратиле круната на победничката.
Мис Амазон ќе учествува на изборот Мис Бразил. Сè уште нема информации дали ќе има последици за однесувањето на Хајала и дали таа ќе си ја задржи титулата прва придружничка на Мис Амазон 2015 година.