Претставничката на Филипини на Мис на светот 2012 собра обожаватели од целиот свет. 23-годишната Квинерич Реман ги изненади сите за време на вечерта кога убавиците го покажуваа својот талент.
Облечена во вечерна тоалета, Квинерич на сцената започна да пее балада, но набрзо нејзиниот настап ја раздвижи публиката. За огромно изненадување на сите, привлечната бринета го покажа својот „битбокс“ талент.
Видеото со настапот на Квинерич веќе станува хит на интернет. Погледнете го:
Новата Мис на светот ќе биде прогласена за време на свечена манифестација која ќе се одржи в сабота.