Вчера во Лас Вегас, Невада се одржа 59. натпревар за убавина „Мис универзум“ во којшто учествуваа 83 убавици од цел свет.
22-годишната Химена Наварете од Мексико успеа да ја освои титулата „Мис Универзум 2010“, освојувајќи ја публиката не само со својата убавина, туку и со својот интелект.
Прекрасната бринета ја доби круната од минатогодишната победничка Стефаниа Фернандез. Во фантастична асиметрична тоалета на Sherri Hill, Химена блескаше на сцената.

„Избрав црвен фустан затоа што оваа година Мексико слави 200 години од независноста и оваа боја има многу големо значење“ – објаснила таа пред одржувањето на изборот.
За прва придружничка на Химена е избрана Јенди Филипс од Јамајка, а за втора – Џесинта Кемпбел од Австралија.