Мила Кунис и Ештон Кучер добија нови улоги, но овој пат не на филмското платно, туку во реалниот живот. Славните актери станаа родители.
Веста за породувањето на 31-годишната актерка ја објави сајтот TMZ. Мила се породила во вторникот, во болница во Лос Анџелес и според извори блиски до холивудските ѕвезди, таа родила здраво девојче. Во болницата бил присутен само нејзиниот 36-годишен свршеник Ештон.
Парот, кој се запозна за време на снимањето на „That '70s Show“ и негуваше долгогодишно пријателство, ја прослави својата свршувачка во февруари оваа година, а во март стана јасно дека Кунис е бремена.