Мила Кунис и Ештон Кучер повторно ќе станат родители. Холивудскиот пар го очекува своето второ дете.
32-годишната актерка и 38-годишниот актер, кои стапија во брак во јули минатата година, заедно имаат уште едно дете, ќеркичката Вајат Изабел.
Извор близок на парот ја потврди веста за People. „Ештон со возбуда зборува за Вајат и малото бебе кое е на пат. Сè што е поврзано со татковството е природно за него“ – изјавил изворот.
Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. Нивната врска беше потврдена во 2012 година, а Вајат Изабел се роди во октомври 2014 година.
Славниот пар постојано е фотографиран на прошетки со малата Вајат.