Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за Оскар за најдобар документарец и за најдобар странски филм

„Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за Оскар за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за Оскар, и тоа во две категории – за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм. Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории.

Медена земја

Во категоријата Најдобар документарец, македонскиот канидат е меѓу 15 селектирани филмови, од 159 квалификувани. Во категоријата за Најдобар странски филм, пак, во потесниот избор влегоа 10 наслови од 91 пријавен.

Членовите на Академијата до 7 јануари 2020 година ќе гласаат за потесниот избор. Номинациите со петте кандидати во игра за најпрестижната филмска награда ќе бидат соопштени на 13 јануари. Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв филм од нашата земја што успеал во тоа.

Медена земја Медена земја

Церемонијата на 92. издание на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари 2020 година во Холивуд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19767 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.