Во ноември минатата година, Луисана Лопилато и Мајкл Бубле ја објавија лошата вест дека нивното 3-годишно синче е болно од рак. Преку кратка порака, славниот пар тогаш соопшти дека е скршен од болка и дека малиот Ноа е на лекување во САД.
Сега, аргентинската актерка и канадскиот пејач ги израдуваа своите фанови со емотивна порака за напредокот на малото детенце во борбата со ужасната болест.
„Со голема благодарност ве известуваме дека нашиот син Ноа напредува добро за време на лекувањето и докторите се многу оптимистички настроени за иднината на нашето мало момче.“
„Тој беше храбар во секој момент, а ние и понатаму сме инспирирани од неговата храброст. Му благодариме на Бог за силата којашто ни ја даде на сите нас. Нашата благодарност до докторите и негувателите не може да се опише со зборови.“
„Сакаме да им се заблагодариме на илјадниците луѓе кои ни ги испратија нивните молитви и убави желби. Додека го продолжуваме ова патување, многу нè утешува вашата поддршка и љубов“ – пишува во заедничкото соопштение на парот.
Луисана и Мајкл дознале дека Ноа има рак на црниот дроб откако на малото дете му била направена биопсија. Веднаш тие се повлекоа од јавниот живот и целосно се посветија на семејството. Тие се родители и на едногодишниот Елијас.