Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага со откачен шешир направен од нејзината коса

Лејди Гага со откачен шешир направен од нејзината коса

Кога станува збор за Лејди Гага, сигурно веќе ништо не може да ве изненади. Нејзината ексцентричност е препознатлива по цел свет и токму тоа ја направи една од најпопуларните личност за 2009 година.

Нејзиниот откачен стил привлече милиони обожаватели околу неа, а таа со секој настап или појава докажува дека го заслужува нивното внимание.

Пред два дена, кога компанијата Полароид ја најави како нивен креативен директор, Лејди Гага се појави пред очите на јавноста во Лас Вегас со оригинален шешир направен од нејзината коса. Продуктите на Полароид создадени со помош на креативноста на Гага, ќе започнат да се продаваат во втората половина на годината.

Погледнете го лудиот шешир на Гага. Иако на фотографиите може да се види дека тоа сепак не е нејзината природна коса, мора да признаете дека 23-годишната пејачка навистина знае како да привлече внимание.

Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19697 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.