Ексцентричната Гага отсекогаш била добра спрема своите обожаватели. Вчера нејзината добрина ги нахрани многубројните обожаватели, кои трпеливо чекаа пред продавницата Best Buy во Лос Анџелес, за да добијат нејзин автограм.
Со 80 пици со сирење, во вредност од 1000 долари, Гага искажа благодарност кон своите лојални обожаватели.
„Им испраќам на сите мои мали чудовишта мали пици, за тоа што ме чекаа цела вечер пред Best Buy. Се надевам дека сте гладни... јадете и ве сакам.“ – напиша Гага на својата страна на Twitter.
Вчера и официјално се најде во продажба новиот албум на Лејди Гага, „The Fame Monster“.
Гага, чие вистинско има е Стефани Џоан Германота, реши да издаде и евтина верзија на нејзиниот албум, за да можат да си го дозволат буквално сите нејзини обожаватели. Оваа верзија ќе ги содржи осумте нејзини нови песни, вклучувајќи ја и веќе познатата „Bad Romance“.
“
Инсистирам да им укажам почит на моите обожаватели со подостапен албум, кој ќе биде исто толку лојален кон нив, колку што се тие кон мене.