Синоќа, Лос Анџелес по 91-ви пат беше домаќин на манифестацијата по повод доделувањето на Оскарите.
Овогодишната свеченост се одржа без водител, а беше отворена со спектакуларен настап на Queen и Адам Ламберт.
Легендарниот бенд и 37-годишниот пејач, кои неколку години настапуваат заедно низ целиот свет, ги изведоа „We Will Rock You“ и „We Are the Champions“ со што ги кренаа холивудските ѕвезди на нозе.
„Queen“ му ја дадоа својата поддршка на Рами Малек, кој доби Оскар за Најдобар актер за портретирањето на Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“.